Skip to main content

Тура во МСУ со кустосот Бојана Јанева на зајдисонце

Денеска, на 25 септември, на зајдисонце, точно во 17 часот, Музејот на современа уметност организира „МСУ водич” со кустосот Бојана Јанева која ќе ги прошета посетителите низ трите новоотворени изложби во музејот: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“; „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“, архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова и „Музеј отворен до понатамошно известување“, самостојна изложба на Џем А.

По ова следува музички избор на Марсо со почеток 18:00 часот.

Ретроспективна изложба: „Живко Поповски – Живот посветен на архитектурата“.

Куратори: Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја. Оваа ретроспективна изложба е прва сеопфатна презентација на делото на еден од највлијателните македонски архитекти – Живко Поповски. Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност – Скопје, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Македонија како проект од национално значење за 2025 година. Во нејзината реализација великодушно придонесоа Комората на овластени архитекти и инженери на Република Македонија, компанијата КНАУФ. Пријател на МСУ – Скопје е Еуролинк осигурување и Тивеш.

Изложба: „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта.“

Архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова. Изложбата е обид да поттикне размислување дека секоја колекција можеби е, би можела да биде, како што секогаш е – бесконечна. Како што и секое отсуство, изоставање и бришење во рамките на една колекција не е ништо друго туку поинакво присуство. Изложбата е поддржана од Државниот архив на Република Македонија, Кинотеката на Република Македонија, Националната академија за дизајн, САД. Изложбата е соработка помеѓу Музејот на современата уметност – Скопје, Министерство за култура и туризам на РС Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РС Македонија. Пријател на МСУ – Скопје е Еуролинк осигурување и Тивеш.

Самостојна изложба на Џем А.: „Музеј отворен до понатамошно известување“.

Куратори: Јованка Попова и Никола Узуновски. Изложбата „Музеј отворен до понатамошно известување“ го разгледува музејот како институција што истовремено сака да биде достапна, инклузивна и современа, но и како место обременето со хиерархии, правила и ограничувања. Изложбата е финансиски поддржана од Фондацијата Саха и Министерството за култура и туризам на РС Македонија. Пријател на МСУ – Скопје е Еуролинк осигурување и Тивеш.

Поврзани вести