
Главните аеродроми во Осло и Копенхаген беа повторно отворени откако беа принудени да ги затворат своите врати поради прелет на дронови во нивна близина, што предизвика доцнења и откажувања на летови неколку часа во понеделникот и рано утрово во вторник.
Воздушниот простор над аеродромот во Копенхаген беше затворен околу 20:30 часот по локално време откако беа забележани два до три „неидентификувани“ дронови во областа, изјави портпаролот на аеродромот. На летовите не им беше дозволено полетување или слетување. Полицијата ги опиша дроновите како „големи“.
Данската полиција денес објави дека беспилотните летала што го затворија главниот аеродром во земјата се чини дека се под контрола на „способен оператор“, објави Ројтерс.
Според извештаите, сè уште не е идентификуван ниту еден осомничен.
Данска и Норвешка утрово ги отворија аеродромите откако двете земји беа принудени привремено да ги затворат поради забележани дронови.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.