
Фудбалерите на Вардар вечерва славеа триумф над Работнички со 3:1 во 7. коло на Првата лига.
До триумфот на „Тодор Проески“ во Скопје „Црвено-црните“ дојдоа со пресврт.
Работнички поведе преку Имери во 7. Минута, изедначи Бабунски од пенал во 41. минута. Кастањеда во 59. минута донесе водство за домашниот тим, а конечниот резултат го постави Мато на 20 минути пред крајот.
По оваа победа Вардар е лидер со 19 бодови, три повеќе од Струга Трим Лум која има натпревар помалку. Трет е Силикс со 15 бода и натпревар помалку.