
Попладнево изби пожар на отворен простор во близина на римскиот аквадукт кај Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки но и поголема количина на расфрлано ѓубре низ опожарениот простор, соопшти Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Екипите на скопската БППЗ веднаш излегоа на терен но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето, изјави Ангелов.
Во моментов пожарот е под целосна контрола, очекувам набргу целосно да биде изгаснат, додаде директорот на ДЗС. .