
Индустријата за брза храна во САД ги убива Американците. Високо преработената храна како основа на брзата храна со која се хранат многу Американци и посебно децата поттикнува шокантна епидемија на метаболички заболувања во САД. Роберт Фицџералд Кенеди помладиот вети дека ќе се справи со ова. Ќе биде тешко. Да видиме – со внимателност и претпазливост кон ова прашање“, вели во разговор за МИА, професорот на Универзитетот во Колумбија, Џефри Сакс, како одговор на прашањето дали секретарот Кенеди ќе успее да се справи со фармацевтската и прехранбената т.н. длабока држава во САД,
Тој е глобално познат економист и политички аналитичар. Беше советник на последниот претседател на СССР, Михаил Горбачов и на претседателот на Русија, Борис Јелцин и нему му се препишува фамозната „шок терапија“ која по принцип на домино ефектот, а преку ММФ, ја прифатија и другите посткомунистичките земји во Европа и која не им донесе многу среќа (меѓудругото и на нашата земја бидејќи доведе до затворање на огромен број индустриски комплекси и над 140 000 нови невработени). Сепак, за ова, тој во нашиот разговор изнесува поинаква вистина, тврдејќи дека неговиот план, пред се за Русија, бил поинаков, но бил одбиен од Владата на САД.
Мојот аргумент пред 33 години беше дека финансиската поддршка од Западот (САД плус ЕУ, тогашна Европска заедница) за Русија беше потребна за да ѝ се помогне на Русија да ја стабилизира економијата и да започне со нејзината долгорочна реформа. Моите финансиски препораки беа одбиени во тоа време од Владата на САД, која не беше заинтересирана за стабилноста на Русија. САД беа заинтересирани за потчинетоста на Русија, жал ми е што морам да го кажам тоа“, вели Сакс.
Во последно време, посебно внимание предизвика и неговото тврдење дека САРС КОВ 2 вирусот е создаден во САД, во Cеверна Каролина, каде постои биолошка лабораторија, а не во Вухан, откако било кој сериозен научник ја напушти тезата за природното потекло на вирусот од лилјаци кој се проширил низ светот преку пазарот во Вухан откако некој кутар Кинез изел заразен лилјак.
Тажната вистина е дека КОВИД потекнува од Универзитетот во Cеверна Каролина, кој е водечки истражувач за бета-корона вируси и работи со владите на САД со чудната идеја, за создавање вакцина за лилјаци. И морам да признаам дека она што ќе ви го кажам е само 99 отсто сигурно. Она што сакаа да го направат беше да имаат нешто што може да се стави во воздух во пештерите во Југоисточна Азија, кое лилјаците ќе го вдишуваат, а потоа ќе ги направи лилјаците имуни на нови инфекции од овие бета-корона вируси. Звучи лудо, но тоа е мрачна вистина“, изјави во еден свој неодамнешен настап нашиот соговорник.
Сепак, на нашето инсистирање за Вухан, за улогата на Ехо алијанс, организација преку која во лабораторијата во Вухан биле префрлани американски пари и за улогата во сето тоа на фамозниот Антони Фаучи, како директор на Националниот институт зa алергиски и инфективни болести, Сакс ни изјави:
Идејата, колку и да звучи лудо, беше да се заштитат лилјаците (не луѓето) од нови коронавируси, така што тие лилјаци подоцна нема да ги пренесат тие нови вируси на човечката популација, а особено на американските трупи што дејствуваат во Азија“, тврди тој.
На нашата забелешка дека д-р Роберт Малоун, изумителот на мНРА технологијата, состојбата со КОВИД и потоа со вакцините, во интервју со Викторија Кирилинко, ја нарече „најголем експеримент во историјата на човештвото врз човечката популација“, Сакс, кратко вели:
Не, тоа не беше беше експеримент, туку катастрофална несреќа. Секако, сè уште треба да ги дознаеме сите детали бидејќи голем дел од релевантните докази сè уште се потиснуваат“.
Со професорот, кој бил советник и на тројца генерални секретари на ООН, Кофи Анан, Бан Ки-мун и Антонио Гутереш, го отворивме и прашањето за војната во Украина и улогата на т.н. длабока држава во САД. За ова, тој ни изјави:
Експретседателот на САД, Џо Бајден, во текот на три децении, како политичар, го промовираше проширувањето на НАТО кон исток. Но, војната во Украина е проект на „длабоката држава“ кој започна во 2014 година, а Бајден е само продукт на воено-индустрискиот комплекс. Бајден играше улога во државниот удар поддржан од САД во февруари 2014 година. Значи, Бајден е длабоко вмешан, но ова е навистина долгорочен проект на длабоката држава“, смета тој.
Тој додава дека ниту Русија, ниту Кина не се закана за САД. Тврди дека Кина сигурно не е непријател, иако има добро водена и високо конкурентна економија А идејата да се забави економскиот раст на Кина е неостварлива и тврди дека „тоа е погрешна цел“, поради што САД „треба да си ја гледаат својата работа“.
Ако тоа е така, ако САД треба да си гледаат својата работа, тогаш како ја оценува економската ситуација во земјата во светло на долгот од 36 000 милијарди долари, на што САКС одговора:
Буџетскиот дефицит е околу 7 отсто од БДП, а долгот е околу 100 отсто од БДП. Ова ја еродира кредитната способност и економската виталност на САД. Сепак, не постои политичка волја за решавање на растечката фискална криза“, смета тој.
Тој нема високо мислење за лидерството и улога на ЕУ во моменталната политичка и економска состојба во светот. До тој степен што одговорот на нашето прашање за тоа како Брисел се снаоѓа во моменталната комплицирана ситуација во Европа и светот, беше безмалку со резигнација.
Европските лидери се без економска или геополитичка стратегија. Тие се целосно опседнати со Русија, што се базира на погрешни стравови. Брисел ја промашува целата поента за тоа како да се справи со Русија. Треба да отвори директна дипломатија со Русија“, вели Сакс за на крај да го повтори ставот дека мирот во Украина е можен главно врз основа на неутралноста на Украина.