
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, го израмни подвигот на поранешните тренери на „Кралскиот клуб“, Хозе Квиранте и Вандерлеј Луксембурго со победата во своите први пет натпревари во Ла Лига.
Реал Мадрид победи на пет натпревари под водство на Квиранте во сезоната 1928/29, а под водство на Луксембурго во сезоната 2004/05.
Реал Мадрид со максимални 15 бода на почетокот на сезоната е лидер на табелата во Шпанското фудбалско првенство.
„Кралскиот клуб“ вчера го совлада Еспањол со 2:0 во 5. коло на Ла Лига.