
Јувентус синоќа ремизираше 4:4 дома со Борусија Дортмунд во првото коло на Лигата на шампионите.
Душан Влаховиќ постигна два гола за домаќините, Кенан Јилдиз и Лојд Кели постигнаа по еден. Карим Адејеми, Феликс Нмеча, Јан Куто и Рами Бенсебаини постигнаа голови за гостите.
Во 86-тата минута, Јувентус губеше со 2:4, но головите на Душан Влаховиќ во 90+4-тата минута и Лојд Кели во 90+6-тата минута го спасија тимот од Торино од пораз.
Во второто коло од елитното фудбалско натпреварување Јувентус ќе игра на гостински терен против Виљареал, а Борусија ќе биде домаќин на Атлетик Билбао