Skip to main content

„Танец“ тргнува на голема балканска турнеја

Танец

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ започнува голема балканска турнеја под наслов „Ритамот на душата – бојата на традицијата“. Настаните ќе бидат вистинска прилика публиката низ регионот да го почувствува богатството на македонскиот фолклор, претставен преку врвни изведби, автентична музика и впечатливи носии.

Турнејата започнува на 24 септември 2025 во Валпово, Хрватска, а продолжува на: 26 септември во

Крањ, Словенија, 28 септември во Виена, Австрија и 30 септември во Лакташи, БиХ.
Публиката ќе може да ужива во програма што ги спојува најпознатите македонски ора и песни – „Копачка“, „Мијачка“, „Солунка“ – заедно со понови кореографии кои ја отсликуваат динамиката и постојаниот развој на ансамблот.

„Танец“ веќе повеќе од седум децении е амбасадор на македонската култура на светските сцени. Основан во 1949 година, ансамблот настапувал на најпрестижните фестивали и концертни сали ширум светот, оставајќи силен печат со својата уметничка енергија и автентичност.

Организаторите велат дека оваа турнеја е повеќе од обична концертна програма – таа е културна мисија што го зацврстува пријателството меѓу народите и потсетува дека традицијата и уметноста се живи и способни да обединуваат.

Поврзани вести