Skip to main content

Падна интернетот на Илон Маск, Украина во информативен мрак

„Старлинк“, сателитската интернет услуга во сопственост на милијардерот Илон Маск, денес доживеа глобален прекин.

„Киев Индепендент“ објави дека тоа го објавила истоимената компанија на својата официјална веб-страница.

Се вели дека услугите што ги нуди „Старлинк“ се од витално значење за болниците, училиштата и воените единици на фронтот низ цела Украина.

  • „Старлинк“ повторно е исклучен по целата фронтова линија – напиша на Телеграм Роберт Бровди, познат како Маѓар, главниот командант на украинската армија за борба против беспилотни летала.
    Со прекините на „Старлинк“ на глобално ниво, здравствените служби на Украина и единиците за беспилотни летала на фронтот се најзависни од сателитскиот интернет од компанијата на Илон Маск.

Поврзани вести