Skip to main content

На 28 октомври, Македонската филхармонија ќе настапи во легендарната „Златна сала“ на Музикферајн

На 28 октомври, нашиот оркестар ќе настапи во легендарната „Златна сала“ на Музикферајн – домот на Виенската филхармонија и сцената на која секоја година се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот.

Овој настап е круна на нашата 80-годишнина, а воедно ја одбележуваме и 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Австрија.

Солисти: Ана и Игор Дурловски

Диригент: маестро Јерухам Шаровски (Израел)

Програма: спој на македонски дух и европска класика – Бете Илин, Глигор Смокварски, Сони Петровски и Антонин Дворжак.

Со гордост ја носиме македонската музичка традиција на една од најпознатите светски концертни сцени!

Поврзани вести