Skip to main content

Македонска делегација од повеќе институции на Славистички Конгрес на Сорбона

На 25.08., со четири пленарни предавање на Сорбона беше Свеченото Отворање на Славистичкиот Конгрес под мотото „Cedant arma togae“/ „Нека отстапи оружјето пред тогата“ (Цицерон). Работата по секции се одвиваше во периодот од 26-30.08.

Проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер од Институтот за македонска литература на Конгресот настапија со излагање кое ја актуелизираше „Македонската позиција во рамките на славистичката интеркултурна комуникација“, што беше од особена важност во дадениот славистички контекст. Заедно со директорката проф д-р Наташа Аврамовска активно зедоа учество во научните дискусии.

Во изложбениот штанд на славистички публикации на Р. Македонија изданијата на Институтот за македонска литература имаа значајно место. Посебна благодарност до претседателката на Македонскиот Славистички Комитет, проф д-р Емилија Црвенковска којашто се погрижи дел од македонските славистички книги да стасаат до Париз.

Присуството на македонската делегација од повеќе институции на Славистичкиот Конгрес беше од особено значење во дадениот миг, но и воопшто.