
Синоќа, во Домот на младите „Скендерлија“ – Сараево, камерниот оркестар „Профундис“ го отвори првиот Candlelight концерт во Босна и Херцеговина.
Под палката на маестра Ѓурѓица Дашиќ и заедно со светски реномираната виолинистка Ирина Мурезану, пред преполната сала беа изведени безвременски дела – „Годишните времиња“ на Вивалди, Романската рапсодија на Енеску и St. Paul Suite на Холст.
Атмосферата беше вистинска бајка – илјадници свеќи ја претворија салата во магичен простор, а емоциите на публиката беа наша најголема награда.
Маестра Ѓурѓица Дашиќ по концертот изјави:
Навистина е голема чест и огромно задоволство што сме први што го донесовме Candlelight концертното искуство во Босна и Херцеговина. За нас оваа турнеја е инспирација, но и потврда дека музиката навистина нема граници.“
Турнејата продолжува:
5 септември – БКЦ, Тузла
7 септември – Хрватски дом херцега Стјепана Косачe, Мостар
„Candlelight“ е светски феномен кој освојува повеќе од 170 градови низ светот – а ние сме горди што со нашата музика го донесуваме ова уникатно искуство и во БиХ.
Дел од магијата може да ја видите на овие фотографии од Намир Чомага.