Skip to main content

Америка составува список на „непослушни“ земји членки на НАТО

Белата куќа составила список на „непослушни“ земји членки на НАТО, пишува „Политико“.

Според изданието, на списокот се вклучени земји кои одбија да ги поддржат САД во војната со Иран.

Во исто време, самите службеници на американската администарција не знаат точно како ќе ги казнат „лошите“ земји.

Се чини дека немаат јасни идеи кога станува збор за начините за казнување на лошите сојузници. Преместувањето на трупите од Еропа е една опција, но тоа најмногу ги казнува самите САД, нели?“, за „Политико“ забележува еден европски функционер.

На ваквиот список веќе се вклучени Шпанија, Франција и Велика Британија. Тие држави или одбија или ја одложија помошта за САД во конфликтот на Блискиот Исток.

Поврзани вести