Skip to main content

Директорот на СЗО го повика Израел да ги прекине нападите врз болниците во Газа

mohammed-ibrahim-on-unsplash
Фото: mohammed-ibrahim-on-unsplash

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска го повика Израел да ги прекине нападите врз здравствените установи во Појасот Газа, откако утрово во напад на болницата Насер загинаа 20 лица.

– Додека луѓето гладуваат, нивниот веќе ограничен пристап до здравствена заштита е дополнително осакатен со повторените напади, напиша тој во објава на Х.

Гебрејесус повика итно да прекинат нападите врз болниците и на прекин на огнот, додавајќи дека СЗО примила извештаи оти во нападот се ранети 50 лица, вклучително и пациенти кои веќе биле во тешка состојба.

Поврзани вести