Претседателката на Синдикатот на лекари и фармацевти на Србија, докторката Горица Ѓокиќ, денеска изјави дека 399 лекари ја напуштиле Србија во првите 10 месеци од годинава.
Ѓокиќ за агенцијата Бета изјави дека Синдикатот на лекари и фармацевти нема сознанија дека лекарите се враќаат во Србија.
Во последните десет години Србија ја напуштиле околу 5.000 лекари, а само оваа година до 1 ноември во странство заминале 399 лекари. Имаме прецизни податоци за заминувањето на лекарите, бидејќи за да замине лекар на работа во странство, тој мора да биде од Лекарската комора за да добие Сертификат за добра репутација, рече Ѓокиќ.
Таа истакна дека лекарите од Србија најчесто заминуваат поради лошите односи и непотребниот притисок од раководството кон нив, тешките услови за работа и големите обврски со оглед на малиот број лекари.
Лекарите ја напуштаат Србија поради екстремната неусогласеност меѓу работата и семејниот живот и, се разбира, поради ниските плати, рече Ѓокиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „многу лекари се враќаат во Србија“ и оти ќе ги претстави во текот на викендот.