
Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Светислав Пешиќ, го објави конечниот список на играчи за претстојното Европско првенство.
На списокот од 12 играчи се: Алекса Аврамовиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ, Никола Јовиќ, Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов и Тристан Вукчевиќ.
Од поширокиот список од 17 играчи отпаднаа Никола Топиќ, Дејан Давидовац, Балша Копривица, Ален Смаилагиќ и Урош Трифуновиќ.
Секогаш на крајот од подготвителниот период доаѓа она што не е лесно за тренерот. Тренерот е тука за да донесува одлуки и да ја преземе одговорноста за тимот. Овој пат беше навистина тешко да се одлучи кои 12 ќе патуваат на Европското првенство. Оние кои не одат, а сакаа да одат, прифатија дека тимот е над сите нас, па затоа, пред сè, сум горд на нив, на тројцата кои не одат“, рече Пешиќ.
Европското првенство ќе се одржи од 27 август до 14 септември во Латвија, Полска, Кипар и Финска, а репрезентацијата на Србија ќе игра во групата А во Рига со селекциите на Турција, Чешка, Латвија, Португалија и Естонија.