Skip to main content

Мицкоски за училишната кошничка: ДПИ е на терен, немаме нарушувања на веќе договореното

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски запрашан од страна на ноивинарите во однос на училишната кошничка денеска истакна дека дека Државниот пазарен инспекторат е на терен и дека одлуката на владата од страна на трговците се почитува.

Владата на седница на 5ти август донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15% на маржата, во зависност дали е наголемо или намало, а репер е цената од 1ви јуни 2024 година. Задача е на трговците да означат која била цената на 1ви јуни 2025 година и врз база та таа да обезбедат попуст помеѓу 10 и 15% и да истакнат на влезот од продавницата натпис во кој што има „Помалку трошоци, повеќе за граѓаните“. ДПИ е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното – изјави премиерот.

Запрашан во однос на судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во кочани премиерот рече дека се воздржува од коментар и остава обвинителско-судските органи да ја завршаат процедурата.

Се воздржувам да коментирам изминатиот период, и ќе ја продолжам таа пракса да не коментирам, оставам обвинителско-судските органи да си ја завршат процедурата. Колку што знам покренатото обвинение е во рамките на оценка од страна на судовите, на што не би сакал дополнително да мкоментирам – рече Мицкоски.

Поврзани вести