Skip to main content

Орбан в петок ќе се сретне со Радев

Бугарскиот претседател, Румен Радев потврди дека в петок ќе се сретне во Софија со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Орбан ќе престојува во посета на Бугарија на покана на Радев. Понатамошното продлабочување на пријателските билатерални односи меѓу Бугарија и Унгарија, темите на агендата на Европската унија и безбедносното опкружување во регионот се очекува да бидат во фокусот на разговорот, соопштија од прес-секретаријатот на шефот на државата.

По средбата, бугарскиот претседател и унгарскиот премиер ќе дадат заеднички изјави за медиумите во Домот на оружјето.

Румен Радев на 13 декември се сретна со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. Тој изрази благодарност за поддршката на Унгарија за пристапување на Бугарија во Шенген зоната. На средбата, Радев и честиташе на Унгарија за успешното претседавање со Советот на Европската Унија (ЕУ).

Поврзани вести