
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе му се придружи на украинскиот претседател Володимир Зеленски на утрешната средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, потврди неговиот портпарол.
„Скај њуз“ објави дека и италијанската премиерка исто така ќе биде на средбата.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен објави дека утре ќе патува во Вашингтон заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Таа изјави дека самиот Зеленски ја замолил да му се придружи на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп. Додаде дека во Вашингтон ќе се приклучат уште неколку европски лидери, но не прецизираше кои се тие. Политико претходно објави дека еден од нив ќе биде финскиот претседател Александар Стуб, а можеби и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Зеленски ќе се сретне со фон дер Лајен во Брисел во текот на денот, а потоа заедно ќе се упатат кон САД.