Македонија се најде на шестото место меѓу 105 земји од светот рангирани во извештајот Greenfield FDI Performance Index за 2025 година кој пресметува колку странски инвестиции привлекле земјите во однос на нивниот БДП. Во извештајот кој веќе десет години го подготвува „ФДИ интелиџенс“ (FDI Intelligence) специјален истражувачки оддел на „Фајненшл Тајмс“ (Financial Times) се нагласува дека Македонија со помалку од два милиона жители и номинален БДП од околу 16 милијарди долари е пример за земја од Западен Балкан која ги надминува своите можности кога станува збор за привлекување странски директни инвестиции, се вели во анализата на bloombergadria.

На првото место на листата повторно се најдоа Обединетите Арапски Емирати, на второто место е Намибија, а на третото Костарика. Од земјите од регионот освен Македонија, којашто е најдобро пласирана меѓу првите десет земји на глобално ниво се најдоа и Босна и Херцеговина (7.место) и Србија (8. место). Хрватска е рангирана на 20. место на глобалната листа, а најлошо е рангирана Словенија на 79.место.
Од вкупно 105 оценети земји во извештајот, околу 85 забележаа индексен резултат над еден, што значи дека нивниот удел во глобалните проекти за гринфилд странски директни инвестиции во 2024 година бил поголем од нивниот удел во глобалниот БДП во истата година. Останатите 20 земји имаат резултат под еден, што значи дека привлекле помалку странски директни инвестиции во однос на големината на нивната економија.
Можност за продлабочување на инвестицискиот потенцијал на Македонија
Од „ФДИ интелиџенс“ нагласуваат дека во Македонија традиционално влегувале странски директни инвестиции во производството и деловните услуги, но се нагласува дека „во 2024 година се случија нови големи инвестиции во енергетскиот сектор што би можеле да го продлабочат нејзиниот инвестициски потенцијал во наредните години“. Оттаму ја посочуваат највената инвестиција на фондот за обновлива енергија со седиште во Дубаи, „Алказар Енерџи“ во ветерна фарма од 400 MW во Штип за која се очекува да изнесува 500 милиони долари.
„Проектот е во фаза на подготовка за изградба и се очекува да започне кон крајот на годината откако ‚Алказар‘ ќе го финализира финансирањето на проектот“, изјави соосновачот и управувачки партнер Даниел Калдерон за „ФДИ Интелиџенс“.
Целиот текст прочитајте го тука.