По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода на 15.12. и 16.12.2024 на подрачјето на Кисела Вода ги лишиле од слобода М.С.(23), М.Б.(23) и Ф.М.(22), сите од Скопје, соопшти денеска МВР.
Тие се сомничат дека на 15.12.2024 околу 03.00 часот во угостителски објект во Градски парк на подрачјето на Карпош физички го нападнале Ф.Т.(26) од Скопје и му нанеле повреди.
Додека, пак, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во нивните домови, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од делото.
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, против лицата е поднесена кривична пријава по брза постапка, по што биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им определил мерка домашен притвор.