Skip to main content

На Ќафасан фатен шверцер на пастрмка

Царинска управа

Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук, информираат оттаму додавајќи дека последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума.

На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема, но при детална контрола се пронајдени шест кеси со риба, објаснуваат од ЦУ.

Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело да нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи од надлежни институции.

Царинската управа ќе продолжи да делува во насока на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните при што укажува дека секој обид за прекршување на законот ќе биде најстрого санкциониран, велат оттаму.

Поврзани вести