
Вчеравечер околу 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Хасан Приштина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од T.С.(35) од Скопје и мотоцикл „априлија“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.Н.(19) од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот З.Н., додека со телесни повреди неговиот сопатник А.П.(18) и возачот на патничкото возило Т.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.