
Пожарот во атарот на селото Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и Национални Шуми, е ставен под целосна контрола. Екипите патролираат а по потреба и дејствуваат за да се спречи негово реактивирање, информира Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Како што соопштува Ангелов, пожарот на територијата на ловиштето Јасен е се уште активен.

Екипи на Јасен и Национални Шуми се излезени на терен но поради непристапност на теренот не се во можност да дејствуваат. Утрово дејствуваа два полициски хеликоптери но поради силниот ветар ефектот беше намален. Кон пожарот се упатија два ер трактори на ДЗС. Превентивно се упатуваат и три пинцгауери на ДЗС како и 25 припадници на МВР, изјави Ангелов.
