
Габриела Милкова – Робинс е автор учесник на меѓународниот фестивал на книгата во Единбург (Edinburgh International Book Festival).
Настанот на кој таа учествува е насловен „Нашите мајчини јазици“ (Our Mother Tongues), a ќе се случи вечерва во 19:00 часот по македонско време.
Со овој настан Питер МакКеј (Peter Mackay) ја одбележува инаугуралната година како поет лаурет на Шкотска (Makar). МакКеј твори на два јазика, на својот мајчин Gaelic и на англиски. Покрај други поети кои творат двoјазично МакКеј ја покани Габриела Милкова – Робинс да учествува со своја поезија.
Милкова-Робинс твори на македонски и на англиски јазик. Таа ќе се претстави со песни на англиски јазик кои се инспирарани од македонските народни песни и дел од нив ќе ги инкорпорира во нејзината поезија.
Во склоп на настанот ќе биде претставена двојазичната поема The Peak of Tonight (Врвот на ноќта) издадена во 2016 од издавачката куќа „Метаноја“.