Skip to main content

Трајковски трет на атлетски митинг во Италија

Фејсбук профил на АК Работнички

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои третото место во скок во далечина на митингот во Сестриере, Италија. Тој во последната серија имаше скок со должина од 7.87 метри, но со недозволен ветар од +3.8 м/с.

Македонскиот атлетичар имаше во сите шест серии успешни скокови.

1 обид – 7.64 метри (-1.9)

2 обид – 7.69 метри (+0.4)

3 обид – 7.61 метри (-1.1)

4 обид – 7.57 метри (+0.5)

5 обид – 7.61 метри (+3.7)

6 обид – 7.87 метри (+3.8)

Првото место му припадна на Кристијан Пули од Финска со скок со должина од 8.06 метри, истата должина ја имаше и второпласираниот Мариус Вадеикис од Литванија, но со послаба серија.

Поврзани вести