Skip to main content

Локалните избори официјално на 19 октомври

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори, кои ќе се одржат на 19
октомври .

Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик,
почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите,
информираат од неговиот Кабинет.

Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија.

Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19.
октомври, согласно член 16 став 1 од Изборниот законик.

Вториот круг од изборите за градоначалници треба да се одржи на 2. ноември, во единиците на локалната самоуправа
во кои изборите нема да завршат во првиот круг.

Поврзани вести