
France Football ги објави кандидатите за најпрестижната индивидуална награда во светскиот фудбал, Златната топка, на церемонија денес.
Станува збор за листа на 30 најдобри фудбалери во светот, кои ќе се натпреваруваат за престижната награда – титулата најдобар.
По објавувањето на листата од 30 играчи, меѓународно жири составено од специјализирани новинари, по еден од секоја претставена земја, ќе гласа за победникот.
Од 2022 година, ќе гласаат само новинари од првите 100 земји на ранг-листата на ФИФА за мажи (и 50 за жени).
Актуелниот шампион е шпанскиот фудбалер Родри, но јасно е дека тој нема да го брани трофејот поради фактот што ја пропушти целата мината сезона по сериозна повреда на предните вкрстени лигаменти.
Номинираните за најдобар играч во светот се:
Килјан Мбапе (Реал Мадрид)
Скот МекТоминај (Наполи)
Лаутаро Мартинес (Интер)
Алексис Мак Алистер (Ливерпул)
Роберт Левандовски (Барселона)
Хвича Кварацхелиа (ПСЖ)
Хари Кејн (Баерн)
Ашраф Хакими (ПСЖ)
Виктор Ѓекереш (Арсенал)
Ерлинг Холанд (Манчестер Сити)
Серху Гираси (Борусија Дортмунд)
Дензел Думфрис (Интер)
Дезире Дуе (ПСЖ)
Џуд Белингам (Реал Мадрид)
Џанлуиџи Донарума (ПСЖ)
Усман Дембеле (ПСЖ)
Жуау Невеш (ПСЖ)
Нуну Мендеш (ПСЖ)
Кол Палмер (Челси)
Мајкл Олисе (Баерн)
Педри (Барселона)
Рафиња (Барселона)
Деклан Рајс (Арсенал)
Фабиан Руис (ПСЖ)
Мохамед Салах (Ливерпул)
Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)
Вирхил ван Дајк (Ливерпул)
Ламин Јамал (Барселона)
Витиња (ПСЖ)
Флориан Вирц (Ливерпул)
Како што се очекуваше, Родри не е ниту на листата на номинирани бидејќи ја пропушти целата сезона, па затоа е познато дека светот ќе добие нов најдобар фудбалер.