
Во врска со изјавата на директорот на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид, Сашо Најдески, за ТВ 24 со наслов Директорот на охридски „Комуналец“ контра ревизорскиот извештај за работата на претпријатието, во која наведува дека не се точни наодите на Државниот завод за ревизија кои се однесуваат на издадено дизел гориво за неисправни и неевидентирани возила, во прилог Ви го доставуваме Одговорот од Државниот завод за ревизија заедно со фотодокументација и одговор на забелешките од Конечниот ревизорски извештај, кој веруваме дека ќе биде објавен во вашиот медиум имајќи ја предвид досегашната одлична соработка и комуникација, се наведува во реакцијата од ДЗР што МИА ја пренесува интегрално.
Добиени се забелешки број 03-770/1 од 30.05.2025 година на Нацрт извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2023 година на Јавното претпријатие за комунална дејност „Охридски Комуналец“- Охрид, од страна на м-р Сашо Најдески, директор на јавното претпријатие, заведени во Државниот завод за ревизија под број 19-540/3 од 30.05.2025 година.
Забелешките се разгледани од страна на Овластениот државен ревизор и констатирано е следното:
1. Забелешката на утврдената состојба во точката 3.1.1. алинеја 1, во делот на неусогласеност на износот на тужени побарувања евидентирани во сметководствената евиденција и истите податоци во одделението за општи и правни работи, што влијае на потврдување на реалноста, објективноста, целосноста и точноста на побарувањата искажани во финансиските извештаи претставува известување за причините поради кои бројот на поднесени тужби во 2023 година е драстично помал во однос на 2024 година, што не е предмет на елаборација во наведената точка и не влијае на промена на утврдената состојба.
2. Забелешката на утврдената состојба во точка 3.1.1. алинеја 2 која се однесува на не воведен систем за пресметка и наплата на камата за задоцнето плаќање на фактурите за големи правни лица претставува известување за преземени активности по дадената препорака од април 2025 година.
3. Забелешката на утврдената состојба во точката 3.1.3. која се однесува на потребата од редовно усогласување на износот на обврските по извршни решенија во сметководствената евиденција со евиденцијата на носителот на платниот промет претставува известување за претходно преземени активности за обезбедување информации од надлежните извршители за состојбата на извршните предмети каде како должник се јавува ЈП „Охридски Комуналец“- Охрид. Според овластениот застапник добиените информации се доставени до одделението за финансии и сметководство, но за истото не се доставени дополнителни докази кои влијаат на менување на утврдената состојба.
4. Забелешката на утврдената состојба во точката 3.1.7., која се однесува на утврдените грешки, неусогласености и разлики помеѓу материјалната и сметководствената евиденција претставува известување за преземени активности за надминување на утврдената состојба. Во прилог на забелешките доставена е документација за спроведено сметководствено евидентирање: Заклучен лист и Рекапитулација по конта и амортизациони групи за нетековните средства, но не и докази со кои би се образложиле причините и би се потврдила реалноста и објективноста за направените корекциите во сметководствената евиденција.
5. Забелешката на утврдената состојба во точката 3.1.8., која се однесува на неусогласеност на почетните состојби на залихите на суровини, материјали, резервни делови и ситен инвентар во материјалната со сметководствената евиденција, претставува известување за преземени активности за надминување на утврдената состојба. Во прилог на забелешките доставена е документација за спроведено сметководствено евидентирање: Заклучен лист за залихи на суровини, материјали, резервни делови и ситен инвентар и Анализа на промет, но не и докази за утврдени разлики врз основа на кои се направени корекциите во сметководствената евиденција.
6. Забелешките на утврдените состојби во точката 3.2.1.:
– алинеја 3, која се однесува на издадено дизел гориво за неисправни и неевидентирани возила во материјална и сметководствена евиденција, без поткрепувачка документација, не се прифаќа од причина што не се доставени дополнителни докази за промена на утврдената состојба. Имено, во прилог на забелешките доставени се:
– копии од сообраќајни дозволи, осигурителни полиси и потврди за извршен преглед за техничка исправност на возила со рег.бр. ОH-948-BS, OH-572-AZ, OH-7867 и OH-049-AV;
– потврда бр. 12.1.8-73 од 23.05.2025 година, издадена од Министерство за внатрешни работи за промена на регистрација на едно од возилата од рег.бр. OH-049-AV во рег.бр. ОH-1396-AE ;
– договор за донација склучен со правно лице од Битола за користење на специјализирано тешко возило ѓубретарка бр.03-1299/1 од 25.07.2023 година, поради застарен возен парк со кој располага претпријатието и дел од истиот не е во употреба (возила со рег.бр. SK-0795-BD и SK-6482-BD);
– копија од фактури, испратници и транспортни формулари за собирање на отпад со возила, по склучен договор истото правно лице од Битола за изнајмување на возила бр.03-1297/5 од 06.07.2022 година (возила со рег.бр. BT-3720-AE и BT-9972-AF) и
– копија од ГПС листи за возило изнајмено согласно склучениот договор бр.03-1297/5 од 06.07.2022 година (рег.бр.BT-3720-AE) и
– изјава од раководителот на одделението за експлоатација, за користење на возила кои се отстапени со договор за донација, заведена кај нотар од 28.05.2025 година.
Напоменуваме дека наведените документи, кои се однесуваат на 2023 година и периодот во кој е вршена ревизијата, ревизорскиот тим ги имаше земено во предвид. За возилата кои се во неисправна состојба, првична информација е добиена по електронски пат од одговорните лица, а потоа беше направен и увид на лице место, за што поседуваме фотографии како доказ. Исто така, за потрошените 10 илјади литри гориво за возила кои не се во деловните книги на претпријатието, истакнуваме дека состојбата во ревизорскиот извештај не се однесува на возилата кои се отстапени на користење согласно договор за донација и договор за изнајмување, кои се склучени со правно лице од Битола. Утврдената состојба во оваа точка се однесува за сосема други возила, за кои податоци се обезбедени од одговорните лица во јавното претпријатие.
Имајќи во предвид дека, дел од доставените забелешки и приложени документи не се однесуваат на возилата кои се наведени во ревизорскиот извештај, со цел транспарентно и објективно информирање во продолжение ја објавуваме листата на регистарски броеви на возила во кои е точено дизел гориво, иако истите се во неисправна состојба или не се сметководствено евидентирани во претпријатието:

– алинеја 5, која се однесува на неутврдениот начин и критериуми за определување на потребата од користење на приватните возила за службени цели во Одлуката за одобрување на користење на приватни возила за службени потреби донесена од УО, како и недостаток на евиденција за потрошувачката на дизел горивото по тој основ, претставува известување за постоење на Записник од одржаната седница на УО од 03.01.2022 година, во која е опишан начинот како е донесена Одлуката и процесот на точење на гориво во возилата;
– алинеја 6, која се однесува на евидентирани трошоци за потрошено дизел гориво за половна градежна машина која поради чести дефекти била вратена на добавувачот и за која нема целосна поткрепувачка документација, не се прифаќа од причина што не се доставени дополнителни докази за промена на утврдената состојба;
– алинеја 7, која се однесува на потрошени 4 илјади литри дизел гориво евидентирани врз основа на непотпишана издатница и без приложена градежна книга, не се прифаќа од причина што доставените градежни книги не содржат податок за примена и потрошена нафта и нафтени деривати, туку само опис на извршени работи.
7. Забелешката на утврдената состојба во точката 3.2.2.:
– алинеја 1, која се однесува на требување исти резервни делови за исто возило повеќе пати во кратки временски периоди и извршени услуги за поправка и одржување на возилата без соодветна поткрепувачка документација (налози за требување на резервни делови и работни налози за извршениот сервис на возилата), не се прифаќа. Истата претставува образложение за причините кои довеле до наведената состојба и тоа: оддалеченост на депонијата, несоодветен механичарски кадар и неквалитетни резервни делови. Истовремено, во забелешките е известено за преземени мерки по дадена препорака за правилно евидентирање на приемот и издавањето на резервните делови;
– алинеја 2, која се однесува на вградени резервни делови на неисправни возила од кои дел се расходувани, не се прифаќа поради тоа што дополнително не се доставени докази кои влијаат на менување на утврдената состојба. Доставената забелешка претставува известување за број на расходувани возила и доставена е листа за Регистарски број на возила во кои е точено дизел гориво
8. Забелешката на утврдената состојба во точката 3.2.3. алинеја 4 која се однесува на законската обврска, создавачите на комерцијален отпад да склучат посебен договор за собирање и транспортирање на отпад со давателот на услугата на територијата на општината претставува известување за начинот на ажурирање на податоците за нови правни и физички лица, како и за бројот на сметки и површината на веќе постоечките правни и физички лица, што не е предмет на елаборација во наведената точка и не влијае на промена на утврдената состојба