Skip to main content

Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позицијата му измеќарува на СДС

Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позиција му измеќарува на СДС, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Одамна главниот обвинител Коцевски нема кредибилитет во очите на народот, а сега кога СДС јавно застана да го брани во Собрание, му го уништи и тој кредибилитет што некогаш го имал. СДС го разголи главниот обвинител Коцевски. Совршено е јасно чии насоки до сега извршувал, и зошто постапките против функционери на СДС се таму каде што се. Главниот обвинител Коцевски очигледно е целосно препуштен во прегратките на СДС, и таквиот однос, не само што не му пречеше, туку и го зема како последна сламка за спас. Да имаше главниот обвинител Коцевски грам морал, тој немаше да чека СДС да го брани и ќе си поднесеше сам оставка. Игнорирањето на мизерните 2% доверба од народот и интерпелацијата во Собрание, е јасен показател дека главниот обвинител Коцевски има друг приоритети, а тоа е да служи како гума за спасување на дел од функционерите од СДС блиски до Филипче и Заев од кривична одговорност за криминалите кои ги правеле, истакна Петрушевски.

Доблест не може да се очекува од Коцевски, само чисто калкулантство и политичко профитерство, додаде Петрушевски.

Поврзани вести