Skip to main content

Сиљановска Давкова се сретна со Питер Смолвуд, член на британската Конзервативна партија и со Рон Неринг, директор за меѓународни програми на американскиот Институт за лидерство и поранешен претседател на Републиканската партија на Калифорнија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова имаше средба со Питер Смолвуд, истакнат член на британската Конзервативна партија и со Рон Неринг, директор за меѓународни програми на американскиот Институт за лидерство и поранешен претседател на Републиканската партија на Калифорнија.

На средбата беа разменети мислења за меѓународната, европската и регионалната политика, воените конфликти и можните решенија за мир.

Посебно внимание беше посветено на Западниот Балкан и неговата долга и компликувана демократска консолидација и евроинтеграција.

Беше реафирмирана и потенцирана важноста на американско-македонското стратешко партнерство по победата на Републиканската партија и на Доналд Трамп на претседателските избори.

На средбата беше изразена согласност дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ конечно ќе стави крај на опасноста од дестабилизација и балканизација и ќе доведе до негова реунификација во Европа, каде припаѓа не само географски, туку и историски и културно.

Обата соговорници изразија разбирање и поддршка за почеток на нашите преговори со ЕУ.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom