Skip to main content

Убедлив пораз на Македонија на ЕП за ракометарки до 17 години

Фејсбук Ракометна федерација на Македонија

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз во натпревар од Европското првенство во Црна Гора. Поуспешни беа ракометарките од Шведска, кои постигнаа висока победа со 42:23. По денешниот пораз Македонија ќе разигрува за пласман од 17-24.место.

Нерешен резултат имаше само на почетокот на натпреварот 1:1 и 2:2, а потоа шведските ракометарки беа во постојано водство, кое во финишот на првиот дел беше и девет разлика (17:8).

Во вториот дел Шведска брзо дојде и до двоцифрена предност, а при крајот на дуелот имаа и највисоки +19 (41:22). Најефикасна во македонската репрезентација беше Таида Беровиќ, која постигна 5 голови. 

Утре на првенството е слободен ден, а противничките на Македонија за последните два натпревара ќе бидат познати по завршувањето на денешната програма.