Skip to main content
C3q4oHq86CM

Стојчевска: За четири години имаме 30 пензионирања и нула вработувања, постепено, но сигурно атрофира мрежата од библиотеки низ цело Скопје

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје е библиотечна мрежа, но и стожерна културна институција на главниот град. Во 2025 година е големиот јубилеј – 80 години од основањето на ГБСК.

Директорката на Библиотеката Снежана Стојчевска вели дека за четири години имаат 30 пензионирања и 0 вработувања. Со одењето во пензија на еден вработен не престанува и потребата за неговото работно место, со што постепено, но сигурно атрофира мрежата од библиотеки низ цело Скопје, од Илинден до Радишани, од Драчево до Ѓорче.

Културата и образованието ни се насушно потребни за да изградиме генерации кои не само што ќе бидат гласноговорници за своите права, туку ќе бидат одговорни и за своите обврски, кои ќе бидат грижливи, хумани, креативни и продуктивни граѓани. Во време кога децата, па и возрасните, се сѐ повеќе зависни од мобилните телефони, кога има премногу дразби и информации, сѐ помала е концентрација да се слушне, прочита и раскаже еден текст. Тоа води и кон сѐ помала способноста за разбирање, разговарање, комуникација, дијалог и оспособување за живот. Во време кога, за жал, резултатите од тестирањата за функционалната писменост се поразителни, наместо да вложуваме во библиотеките и да градиме нови и современи простори, ние не можеме да го одржиме ни тоа што го имаме, вели Стојчевска.

Подготвија:

новинар:Невена Поповска

фото/ видео: Александар Ивановски

монтажа: Александар Арсовски

Поврзани вести