
На 16 август (сабота), со почеток во 19:30 часот, Центарот за култура ќе биде домаќин на незаборавната WORLD HITS NIGHT, спектакл што го носи ритамот на светот, како дел од јубилејното 25. издание на фестивалот Musicland.
На една сцена, пред битолската публика, ќе се обединат Камерниот оркестар IWCONNECT на Битола и 15 врвни пејачи од 16 земји, кои ќе ги изведат најпознатите светски хитови – во раскошни оркестарски аранжмани што ќе допрат до срцето на секој присутен.
Учесници од: Малта, Русија, Литванија, Косово, Србија, Албанија, Бугарија, Грузија, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Украина, Полска, Словенија, Романија, Босна и Херцеговина.
Во ЖИВО со Камерниот оркестар IWCONNECT на Битола