Skip to main content

Гром удри на фудбалски натпревар во Србија: Двајца фудбалери повредени, еден во тешка состојба

Стравична сцена се одиграла за време на фудбалски натпревар во Србија, кога гром удрил во близина на теренот, при што десет играчи паднале на земја. Еден од нив е потешко повреден, а друг има полесни повреди, пренесуваат српските медиуми.

Судијата на натпреварот, Драган Јериниќ, изјавил дека сите играчи кои во тој момент биле свртени кон местото на ударот паднале веднаш. „Тренерот Ненад Симиќ, кој е и здравствен работник, веднаш им пружи прва помош додека не пристигна брзата помош“, истакна тој.

Според првичните информации, полесно повредениот играч, Марко З. од екипата на Раднички, е згрижен во Итната помош и неговата состојба се следи. Потешко повредениот фудбалер од гостинскиот тим бил реанимиран на лице место и веднаш хоспитализиран.

Поврзани вести