Skip to main content

Мицкоски на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Воената Академија

Фото: Влада

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје.

Инвеститор на овој проект е Министерството за спорт, а вредноста изнесува 64.780.000 денари.

По завршувањето на инвестицијата, спортската сала ќе биде дадена на трајно користење на Министерството за одбрана, за тренинг на питомците на Воената Академија, но ќе бидат обезбедени термини и за учениците и жителите на Општина Аеродром.

Предвидено е по церемонијата на поставување на камен темелникот на салата, премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Поврзани вести