Skip to main content

Ќе се поставуваат нови семафори: Изменет режим на сообраќај на крстосницата на улица „Скупи“ со улица „Љубљанска“

МИА

ЈП Улици и патишта Скопје, утрово во 8 часот почнa со демонтажа на семафорски портални и обични столбови и семафорска опрема на крстосницата помеѓу улиците „Скупи“ и Љубљанска“. Како што информираат од Јавното претпријатие, овие активности ќе се реализираат согласно одобрен сообраќаен проект за измена на режим на сообраќај за воведување на нови светлосни сигнали на крстосницата.

Сообраќајот ќе биде комплентно затворен по правец и истиот целосно пренасочен по околната улична мрежа. Времениот режим ќе важи до завршување на активностите, а сообраќајот ќе се одвива со помош на соодветна сообраќајна сигнализација и опрема. На истите приоди ќе има поставено и лица од ЈП Улици и патишта за физичка регулација на сообраќајот“, соопштуваат од ЈП Улици и патишта Скопје.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот, да бидат трпеливи и да се прилагодат на новонастанатите услови на патот, во целост почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација. 

Поврзани вести