Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала вечерва е почувувствуван во Пијанечко-Малешевскиот регион.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран вечерва во 19 часот и 45 минути, со епицентар 112 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда 2.9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.