
Официјална програма на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ започна вчеравечер, со свечен пречек на коњаниците под мотото „Илинденски марш“, Столб на Крушевската Република, а ќе трае до 10-ти август, во чии рамки во денешниот и утрешниот ден, свои концертни претставувања ќе има и Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“.
Денот на Св. Илија или Илинден е голем македонски национален и православен празник, што се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ, што го прави овој ден еден од најважните празници во Македонија.