
Собранието денеска ќе ја одржи 61. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
Според новиот Деловник, од 21 ноември лани еднаш месечно се одржува и седница за пратенички прашања од опозициските пратеници и трае два часа.