Skip to main content

Коцевски го нема на расправата за неговата интерпелација

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски не присуствува на претресот кој е во тек во Собранието по интерпелацијата која за него ја поднесе Левица.

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, го образложи барањето за интерпелацијата.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, која ја води седницата, рече дека Коцевски имал можност да се обрати и да одговори на барањето за интерпелција, но дека тој не е присутен на седницата.

– Ние во претходниот мандат сме ви дале доверба да го водите Јавното обвинителство. Очекуваме вистинска, а не селективна правда. Од вас зависи дали после оваа интерпелација ќе бидете со штитот или на него. Одлуката е ваша – рече координаторот на пратеничкаата група на СДСМ Јован Митрески од говорницата.

Тој додаде дека СДСМ нема да учествува со повеќе говорници на оваа седница затоа што, како што објасни, нема потреба да се дебатира за нешто што нема правни последици.

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека ќе ја поддржи интерпелацијата на Коцевски.

Поврзани вести