Skip to main content

Четири лица се повредени во сообраќајка во Охрид

Четири лица се повредени во сообраќајка во Охрид. 

Вчера во 13.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(32) од село Лескоец, охридско и патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(51) од истото село.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од патничкото возило „пежо“, 62-годишната Л.П. и К.П.(30), двајцата од с.Лескоец, охридско, додека со телесни повреди двајцата возачи, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираа од полицијата. 

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.  

Поврзани вести