
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола верува дека изминатата сезона која резултатски не беше успешна за „граѓаните“, ќе им користи на фудбалерите.
– Не би зборувал толку многу за минатата сезона, туку за последните седум години. Кога ќе ја освоите Премиер лигата шест пати, во одреден момент ќе има пад. Тоа е човечка природа. Тогаш веројатно требаше да смениме повеќе играчи, но многу е лесно да се зборува за тоа по настанот. Тоа беше процес низ кој мораше да се помине, траеше подолго, а кога се случи, беше подлабок отколку што можевме да замислиме. Не во смисла дека заврши лошо, бидејќи завршивме во финалето на ФА Купот и завршивме трети во првенството. Не беше толку лошо. Гледајќи наназад, не беше толку лоша сезона. Но, поминавме многу месеци без да победиме во натпревар. Поминавме 13 или 14 натпревари без победа… Тоа никогаш порано не се случило. Но, ова може да ни биде од полза. Мислам дека во следните пет до десет години работите ќе одат многу добро, истакна Гвардиола.
Манчестер сити новата сезона во англиската Премиер лига ќе ја почне на 16 август со гостувањето кај Вулверхемптон