Skip to main content

Тошковски во Пустец: Грижата за македонските заедници надвор од границите мора да биде континуирана, суштинска и видлива во пракса

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура Зоран Љутков, присуствуваше на фолклорниот фестивал „Преспа 2025“ во Пустец, каде што уште еднаш беше потврдено колку е силна врската меѓу Македонија и македонската заедница во Мала Преспа.

Фестивалот беше вистински пример за тоа како се чува јазикот, културата и идентитетот. Средбата со луѓето од Пустец испрати важна порака дека грижата за македонските заедници надвор од границите мора да биде континуирана, суштинска и видлива во пракса.

Продолжуваме и понатаму со конкретни активности во насока на градење на вистинско партнерство со нашите заедници надвор од Македонија“, порача Тошковски по случувањето.

Поврзани вести