Skip to main content

ДР. Сун-Шионг: ФДА на Бајден „ја замрзна“ мојата вакцина што ги убива КОВИД и ракот!

Д-р Патрик Суон Шионг, е врв во светската наука за лекови против канцерот. Тој е истражувач и милијардер кој се збогатил од иновација на лекови против ракот. Неговите компании ги продал за над 10 милијарди долари, а три милијарди вложил во вакцина против КОВИД и вакцина против ракот – проект што во времето на претседателот Џо Бајден, бил спречен од познатиот Антони Фаучи и од Френсис Колинс – екс директор на американската Национална агенција за здравје и дополнително одбиен од ФДА. Сопственик е на ЛА Тајмс, иако никому не му е јасно зошто на научник од ваков калибар му е потребен весник. За потрошените три милијарди долари за вакцина против КОВИД и ракот – не жали, вели „сакав да ги вложам, ми беше предизвик“. Има и му се може, но тоа ја оддава неговата посветеност на науката.

Пред три месеци, во час и половина интервјуто со Такер Карлсон, раскажуваше дека целото лечење против ракот во изминатите 50 години е погрешно и всушност ги убива Т-клетките, односно природните клетки-убијци кои ги има самото тело и кои треба да го убијат канцерот. Тој тогаш истакна дека со хемотерапијата се добива битката, но се губи војната. Затоа предлага ниски дози на хемотерапија кои ќе ја натераат клетката на ракот да се изложи, а потоа активирање на природните клетки-убијци кои треба да ја убијат и тврди дека има успех со тој начин на лечење. Поттикнувањето на природните клетки-убијци го врши со т.н. „Биошилд“, а пред неколку дена, во разговор со познатата Меган Кели, за прв пат откри што е тоа „Биошилд“, што содржи и како дејствува, односно што се постигнува со него.

Транскриптите од двете секвенци кои содржеа по 10 минути од интервјуата на Сун-Шионг со Карлсон и Кели ги објавивме пред неколку денови. Овој пат ви нудиме уште десетминутен разговор на Кели со д-р Сун-Шионг во кој тој детално објаснува за тоа како си го инјектирал сопствениот изум IL 15, протеин кој ги активира природните клетки убијци и заштитните Т клетки, поради што никогаш не добил КОВИД. Тој тврди дека тоа е начинот да се спречи САРС КОВ 2 вирусот да се размножува и пренесува (што не е случај со постојните вакцини на Фајзер и Модерна), дека тоа е начинот што ќе спречи да добиете рак, а ако го имате добиено – што ќе ве излечи, но дека ФДА на Бајден едноставно го замрзнала целиот проект. 

И, во овој дел од разговорот тој го повторува тоа што веќе во претходниот дел од интервјуто и го кажа на Кели: „Ова не е мој изум, туку дело на самиот Господ“. Научник од ваков вид и Господ? Тоа е последно што би го очекувале од него, но да, тоа е така.

Меган КЕЛИ: Ве слушав во интервјуто со Такер Карлсон каде рековте дека никогаш не сте имале КОВИД. Такер ви рече дека сте имале среќа, а вие рековте дека тоа не е среќа. Ве цитирам: „Тоа не е среќа, тоа се моите Т-клетки“. И тоа ме натера да се запрашам дали секој може да го добие тоа што ги активира Т клетките? 

Д-р Патрик СУН ШИОНГ: Значи, постојат две работи во врска со Т-клетките, а биозаштитата е платформата. Од една страна, она за што зборувам сега е дека ова е IL-15 (протеин кој ја активира природната клетка убиец, н.з.) кој всушност се размножува и се засилува и е одобрен… 

Меган КЕЛИ: IL-15? Така се нарекува лекот?

Д-р Патрик СУН ШИОНГ: Лекот се вика „Анктива“, но избегнувам да го кажам комерцијалното име за да не ве обвинат дека вршам реклама на лекот. Тоа е активирана NK клетка, односно т.н. клетка – убиец и активирани Т-клетки за цел живот. Тоа е тоа, и ова е IL-15 во мало шишенце, буквално половина кубик се инјектира поткожно, и делува неверојатно затоа што тоа ни го дал Бог. Значи го внесувате IL 15, тој ги активира природните клетки-убијци и Т-клетките и вие сте безбедни. Значи, повторно, дали јас го измислив ова? Не, Бог го измисли ова! Она што го направивме беше да се просветлиме за да откриеме кој клуч ни е потребен за да го активираме она што е во нашето тело.

Но, замислете, не само што можеме да ги активираме тие Т-клетки откако ќе се разболите, туку и да ги едуцираме Т-клетките да бидат будни пред да се разболите и да не дозволат тоа да се случи. Да ги едуцираме да препознаваат специфичен антиген. И тоа е она што го правиме кај Линч синдромот (синдром кој покажува дека имате голема веројатност да заболите од рак на дебелото црево, н.з.). Пациентите со Линч синдром имаат околу 80% зголемен ризик од рак на дебелото црево. Значи, со ова, претходно ги активираме нивните Т-клетки за да можат да спречат да се појават болните клетки на ракот на дебелото црево.

Значи, едно од нештата кога се појави КОВИД, и можеме малку да разговараме за тоа, и долго разговарав со Питер Маркс (Питер Маркс е американски хематолог и онколог кој беше директор на Центарот за евалуација и истражување на биологија во рамките на ФДА, н.з.) со Антони Фаучи и со Колинс (Френсис Колинс, екс директор на Националниот институт за здравје, н.з), со целиот Национален институт за здравје и со Националниот институт за алергии и инфективни болести за време на администрацијата на Бајден, и ги убедував дека ни е потребна „Т-клетки вакцина“. И мислам дека ви го испратив YouTube линкот каде што Џон Коен од Science, јас и Питер Маркс во 2022 година го направивме ова интервју во кое ја молевме државата да ја добие „Т-клетки вакцината“.

Значи, она што го направив е да ја создадам оваа „Т-клетки вакцина“. И патем, како што се сеќавате, беа достапни милијарди долари. И со гордост можам да кажам дека беше тешко, но никогаш не сме искористиле ниту еден долар од владините пари. 

Мојата загриженост беше дека сегашните вакцини, вакцините базирани на антитела, нема да го спречат преносот на вирусот. Со тоа сакам да кажам дека знаев дека ако ја примите сегашната вакцина, можеби вирусот малку ќе биде блокиран, но тој ќе влезе во телото, ќе расте, ќе го користи вашето тело за да расте и потоа вирусот ќе го пренесете на друго лице. И тој ќе продолжи да се размножува. И ако продолжи, сега имате автоимуна болест, воспалителна болест, па дури и потенцијално турбо рак.

Значи, решението за тоа беше да се развие вакцина што би ги стимулирала Т-клетките и клетките убијци, но Т-клетките би биле едуцирани против нуклеокапсидот на КОВИД .

Да објаснам – КОВИД има два протеина во себе. Едниот е спајк протеинот, а другиот е во внатрешното јадро на КОВИД наречен нуклеокапсид. И ако можете да создадете Т-клеточна вакцина за нуклеокапсидот, можеби ќе имате универзална Т-клеточна вакцина за секој КОВИД што ќе се појави, бидејќи тој нуклеокапсид не се менува, за разлика од спајк протеинот кој мутира постојано.

Ние ја развивме таа вакцина (за што д-р Сун Шионг потрошил три милијарди долари свои пари, н.з.) и ја завршивме првата фаза, а јас се инјектирав за да тестирам дали ќе имам Т-клетки против тој антиген на КОВИД, и ги имам. Впечатливо е што ФДА нè стави на чекање кога побарав да ја користиме како засилувач. И останавме на чекање и до ден-денес никој не може да ја објасни причината зошто не ја прифатија вакцината во тој временски период, па затоа никогаш не беше развиена.

Меган КЕЛИ: Дали постои можност таа вакцина да се развие и да се користи сега? Бидејќи луѓето сè уште ги добиваат вакцините против КОВИД кои се користат како засилувачи на првите две дози. Денес видовме во вестите дека Модерна штотуку доби целосно одобрение од американската ФДА, па нивната вакцина не е вакцина што е одобрена за итна употреба, туку има целосно одобрение. Тие сè уште го туркаат ова кај луѓето. Но, имаме нова администрација, имаме нов одличен шеф на ФДА. Значи, дали постои можност сè уште да заживее вашата вакцина?

Д-р Патрик СУН-ШИОНГ: Одговорот е да. Всушност, бев толку очаен што буквално ќе ја дадев вакцината само за да ја употребуваат. Всушност, за време на КОВИД, имав уште еден молекул наречен „ACE2 мамка” и се обратив кон, нема да го именувам, голем извршен директор, и му реков, ве молам земете го ова, ве молам развијте го ова. Знаете, не станува збор за пари. Не станува збор за зголемување на приходите за компанијата, иако Модерна, Бионтек и Фајзер навистина имаа голема корист од тоа.

Затоа што ова е борба на вирусот против човекот, а ова е за човештвото, каде што навистина треба да најдеме начин. Она што ме исплаши, а можеме да навлеземе во ова, Меган, е овој ACE2 рецептор (рецептор кој не дозволува развој на одредени болести на белите дробови, не дозволува развој на воспаление, срцеви пореметувања итн, н.з.). Зашто САРС Ков 2 вирусот кој предизвикува КОВИД 19 не е респираторен вирус. Овој вирус е како рак. Овој вирус влегува во секој дел од вашето тело, и кога ќе стигне таму, го користи вашето тело како фабрика, без разлика дали тоа ќе биде вирусот или спајк шилестиот протеин на оваа мНРА вакцина. 

И тоа е она што ме исплаши. И за жал, сега ги гледам плодовите од она што го прави овој вирус, а овој вирус навистина нè победи. Сè уште имаме можност да го поправиме тоа, и оваа администрација сè уште има можност да го поправи.

Но, знаете каде е проблемот? Науката е комплексна, а прашањето е: дали ФДА воопшто ќе ја разбере науката? Дали сегашната и старата ФДА се доволно опремени и модернизирани? И го гледам Марти Макари (сегашен директор на ФДА, н.з.) како се обидува да ја подобри модернизацијата со вештачка интелигенција итн. Мислам дека тоа е прекрасно. Но, вистинската модернизација што ѝ е потребна на ФДА е да ја разбере науката. И не мислам дека оваа ФДА всушност пораснала доволно брзо, со недоволен, не сакам да го кажам зборот интелект, но со доволна експертиза за да ја разбере еволуцијата на науката на молекуларно ниво, на имунолошко ниво.

Меган КЕЛИ: Мислам на д-р Џеј Батачарја, кој, сега го води Националниот институт за здравство, и кој беше измамен од Френсис Колинс, поранешниот директор – неговиот претходник, како што знам дека и вие бевте измамени. Колинс се плашеше од вас. Ве гледаше како некаков вид закана, а вие откривте докази дека намерно имал намера да ве поткопа и да ве тргне на страна. И токму тоа му се случи на д-р Џеј Батачарја, кој за време на КОВИД мудро велеше дека не треба да ги ставаме сите здрави луѓе во карантин. Треба да вршиме фокусирана заштита, заштитувајќи ги само најранливите, а Френсис Колинс и Фаучи јасно ставија до знаење дека сакаат да го оцрнат како некаков екстремист, маргинален лекар. Дали би можел тој да биде од помош? Не дека Марти Макари не би ви бил од помош, но сугерирате дека можеби нема доволно луѓе во ФДА за да го решат ова до крај. Што мислите за д-р Џеј Батачарја и за тоа дека треба да се посвети поголемо внимание во Националниот институт за здравство?

Д-р Патрик СУН-ШИОНГ: Целосно, целосно се надевам на тоа, и затоа, знаете, многу, многу го поддржував Боби Кенеди да го презеде Министерството за здравство и да ги донесе вистинските луѓе. Никогаш досега не сум го запознал Џеј и очекувам да го запознаам. И целосно сте во право. И тоа е еден од ретките твитови што ги направив многу политички коректно, дека толку малку луѓе можеа да повредат толку многумина. И го сторија тоа.

Знаете, временската рамка за која се поврзувате е првиот мандат на претседателот Трамп кога беше избран за претседател. Јас бев номиниран за директор на Националниот институт за здравство. Френсис Колинс слушнал за тоа и имаше многу активна кампања обидувајќи се да ме оцрни.

Му реков тогаш на претседателот, навистина треба да работам на она што сега е био-штит, мислејќи дека ќе има два мандата, а во вториот мандат ќе биде на патот кон лекување на ракот. И тој не го доби вториот мандат, но интересно е што ми даде повеќе време и сега сме подготвени.

Значи, додека во време на претходната администрација, буквално за време на годините на Бајден, бевме целосно тргнати на страна и маргинализирани, сега постои можноста да ја преземеме целата работа и оваа администрација да не врати на правиот пат. Мислам дека само оваа администрација може да го направи сето ова да функционира. Можеме да го најдеме третманот за да го спречиме овој КОВИД, со наоѓање универзална вакцина против КОВИД. Всушност, можеме да ги лекуваме пациентите кои имаат долготраен КОВИД. И всушност, можеме да бидеме буквално на патот кон лекување на ракот, па дури и превенција од рак.

Тоа би барало навистина длабоко разбирање на науката, но што е поважно, бара длабоко разбирање на ниво на ФДА. Меган, мојот страв е следниов. Се сретнав со претседателот во Ријад и се сретнав со претседателот во Катар, и гледам како Кина навистина експлодира во однос на својата наука.

И мојот страв е следниов: дека Америка има научно и интелектуално водство, но Кина ќе нè победи. А причината зошто ќе нè победи е затоа што нивниот регулаторен процес е целосно поврзан со вистинскиот напредок на технологијата.

Нашиот регулаторен процес е заглавен во оваа стара догма и заглавен и заглавен без да ја препознае науката. Затоа, се плашам дека не само што ќе изгубиме работни места, туку ќе ја изгубиме и биотехнолошката индустрија и ќе ја изгубиме трката. Не затоа што немаме генијалност. Не затоа што немаме најдобри мозоци и најдобри научници. И не затоа што немаме волја или ресурси, како што сега го претстави претседателот Трамп, туку затоа што ќе имаме регулаторна опструкција.

извор: МИА

Поврзани вести