
Денеска се одбележува годишнина од катастрофалниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински објави:
26 јули 1963 – ден кога тишината зборуваше гласно.
Денеска одбележуваме 62 години од трагичниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија над 1.000 наши сограѓани, а илјадници беа повредени и останаа без своите домови.
Скопје – градот што од рушевините стана симбол на солидарност.
Во име на Владата оддадовме почит и положивме цвеќе во чест и сеќавање на жртвите од земјотресот.