Skip to main content

Ковачевски под истрага за вмешаност во криминалите со Лотарија

Во истрагата за сомнежите за криминалот во државна Лотарија е вклучен и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, дознава „Република“. Според нашите извори, како дел од истрагата, се проверува и неговото работење и влијание во случајот.

Како што веќе известивме, во тек голема полициска акција на МВР во врска со сомнежи за организиран криминал во Лотарија на Македонија. Утрово направен е претрес на повеќе места, а меѓу останатите, како што дознава „Република“, направен е претрес во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој не бил пронајден таму.

Како што преку социјалните мрежи потврди, Груби е во Косово, но тврди дека не пребегнал, ниту е во бегство, туку планира да се врати. Против него веќе се води истрага за друг случај, за вмешаност во судски процес, за кој се најде на американската црна листа.

Во случајот со сомнежите за тежок криминал во Лотарија, во моментот се трага и по поранешниот директор Прпарим Бајрами, кој исто така не бил во домот и за кого, како што дознаваме, постојат сомнежи дека пребегнал на Косово уште пред неколку месеци. Неговото семејство, наводно, ветило дека тој ќе се врати.

Во неговиот дом, според нашите извори, пронајдена се поголема количина на пари, над 50 илјади франци во кеш.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom