
Царински службеници на влез во државата на Меѓународен Аеродром Скопје спречија обид за шверц на 400 парчиња женска долна и ноќна облека со потписот на „Викторија Сикрет“ и „Гучи“. Патникот се обидел да влезе во државата без да ги пријави производите кај царинскиот орган, при што се определил на т.н. зелен канал – наменет за патници кои немаат стока за пријавување.
Поради сомневање, бил селектиран за детална контрола при што во личниот багаж и ранецот што го носел, била пронајдена непријавената брендирана облека.