Skip to main content

Марко Рубио со порака до Макрон: Поддршката за ХАМАС е ризичен потег

Facebook /Marco Rubio

Вашингтон остро реагираше на најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Франција ќе ја признае Државата Палестина за време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември. Американскиот државен секретар Марко Рубио во објава на социјалната мрежа X оцени дека овој потег е „невнимателна одлука што ѝ служи само на пропагандата на Хамас и го кочи процесот на мир“.

Ова е шлаканица во лице за жртвите на масакрот од 7 октомври“, напиша Рубио, алудирајќи на нападот на Хамас врз Израел во кој загинаа над 1.200 луѓе, а повеќе од 250 беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.

Изјавата на Макрон, објавена синоќа, предизвика силни политички и дипломатски реакции. Тој рече дека признавањето на Палестина е „во функција на праведен и траен мир на Блискиот Исток“, и најави дека формалната изјава ќе ја даде на собранието на ОН.

Француската одлука доаѓа во чувствителен момент кога регионот се уште е длабоко потресен од последиците на војната меѓу Израел и Хамас. САД, како главен сојузник на Израел, се противат на еднострани чекори во однос на палестинската државност, сметајќи дека тие треба да произлезат од директни преговори меѓу страните.

Поврзани вести