Skip to main content

Вардар е повторно голем, Лозана падна во Скопје

Вардар ја совлада Лозана со 2:1 и со предност ќе патува на реваншот што ќе се игра во Швајцарија за седум дена.

Во поголем дел од натпреварот, „црвено-црните“ беа подобри од противникот, иако и Швајцарците имаа период кога беа значителномподобар противник. Тоа беше во првата половина од второто полувреме, кога го постигнаа и голот (58 минута), но можеа да ја затресат вардаровата мрежа уште најмалку еднаш.

За среќа и за радост на домашната публика, фудбалерите на Вардар ја надминаа кризата и со голот на Азер Омерагиќ во 78 минута, дојдоа до водство од 2:1 што на крајот се покажа као конечен резултат.

Слично како и Лозана и вардарци имаа пропуштени добри шанси да остварат и поубедлива победа.

За разлика од френетичното второ полувреме, првиот дел мина со значително помалку возбудувања. Вардар ја имаше контролата на случувањата на теренот, но постојано им недостасуваше повеќе умешност или побрза реакција на топките што одеа во противничкиот шеснаесетник.

Тоа се смени во судиското надополнување кога интернационалецот од Уганда, одлично реагираше откако гостинскиот голман кратко одби една топка во петерецот и со силен шут ја смести топката под самата пречка.

Поврзани вести